Османи: Се залагам за европска држава која нуди еднакви можности за сите
Кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт, Бујар Османи, во општина Шуто Оризари одржа панел-дискусија за еднаквост и социјална кохезија. Османи рече шефот на државата е авторитет кој може да придонесе во создавање еднакви можности…

Ова ќе бидат специфични избори, тие нема да се натпревар помеѓу различни политички партии или кандидати, туку избор помеѓу понудата за изолација од светот, етнички тензии, назадување и враќање назад во однос на економскиот стандард и визијата за мултиетничка, европска држава која нуди еднакви можности за сите и економски развиена, рече на прес-конференција кандидатот за претседател Османи,
На Денот на Ромите, Османи рече дека доколку ја добие довербата, во својот кабинет ќе има советник од ромската заедница за да може да ги спроведе подобро политиките за подобрување на станбените услови, заштитата на правата на Ромите и воведување на програми за професионална обука со цел тие да станат поконкурентни на пазарот на трудот.
Фиљана Кока
