Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат медицинарите
Веднаш по формирањето на новата влада да се потпише анексот на Колективниот договор, порачаа денеска здравствените работници од протестот пред Министерството за здравство...

Да се потпише Анексот на Колективниот договор во здравството, а коефициентите на сложеност на работните задачи да се усогласат со трошоците за живот, побараа здравствените работници на протестот пред ресорното министерство. Незадоволни од сегашните примања, побараа идната Влада, да им ги коригира платите.
Се сретнаа и со претставници на министерството. Средбата протоколарна и информативна, но пораката недвосмислена – недоволно стручен кадар ги пополнува дупките во јавното здравство што настануваат поради егзодусот на медицински персонал. Само од јавните клиники годишно си заминуваат од 200 до 250 лекари, како и медицински сестри и рендген техничари.
Протести со истите барања се одржаа и во Тетово, Гостивар, Куманово, други градови од земјава.
Анита Димитријевска – Велковска
