Помош за станарите по пожарот

07.12.2013 17:43

Станарите на опожарената зграда...

Станарите на опожарената зграда во штипската населба Сењак трет ден се без електрична енергија и поради студот, спијат кај роднини и пријатели.Токму нивното враќање во сопствените домови е приоритет на министерството за труд и социјална политика.

За оштетените да немаат никакви трошоци при санирањето на штетите сите ќе добијат еднократна парична помош, а за да добијат електрична енергија, општинската власт веќе обезбеди фирма изведувач и се очекува струја да добијат утре.

Сеуште нема официјална изјава од СВР Штип за причината за пожарот. Претпоставка на станарите е дека за тоа е виновен еден од соседите.

Како и да е, според градоначалникот Илчо Захариев, ова треба да биде поука за иднина – подрумите да бидат чисти и достапни, а хидрантите во секој момент да функционираат за да не се случуваат поголеми штети.

Биљана Постолова