Таравари: Османи предложил решение од ОБСЕ спротивно на интересот на Косово
Според Таравари, овој план, кој датира од јуни минатата година, бил антипод на интересите на Косово и на албанците. Таравари потсети на дел од точките од планот кој како што рече, бил предложен четири месеци пред септемвриските нереди во Бањска, каде беше убиен и еден косовски полицаец.

Кандидатот за претседател на албанската коалиција ВРЕДИ, Арбен Таравари истакна дека бил шокиран од информацијата споделена од Владата во Приштина дека автор на минатогодишниот план од девет точки за деескалација и нормализација на состојбата на северот од Косово бил Бујар Османи, во тоа време вели како претседавач со ОБСЕ.
Според Таравари, овој план, кој датира од јуни минатата година, бил антипод на интересите на Косово и на албанците. Таравари потсети на дел од точките од планот кој како што рече, бил предложен четири месеци пред септемвриските нереди во Бањска, каде беше убиен и еден косовски полицаец.
Таравари вели дека Османи неодамна тврдел дека овој негов план донел мир. Прашува – како може еден план кој Владата на Косово целосно го отфрлила, да донесе мир.
Марија Котовска
