Македонија

Низа реакции по приведувањето на новинарот Фуркан Салиу

08.04.2024 16:41

Низа реакции по приведувањето на новинарот Салиу. На политичката сцена, низа обвинувања меѓу власта и опозицијата. Министерот Тошковски тврди-физички спречувал службено лица во неговата работа. Тој негира дека имал физички контакт со полицаец. Внатрешната контрола на МВР го истражува случајот…

„Во оваа држава законот мора да важи еднакво за сите, без оглед дали станува збор за министер, лекар, новинар“ – изјави министерот за внатрешни работи Тошковски за инцидентот на фудбалскиот натпревар каде беа неколкумина приведени.

Според него, никој нема право да ја злоупотребува позицијата, ниту да попречува службено лице при вршење на должноста.

На изјавата за медиумите на министерот Тошковски беше присутен и Фуркан Салиу, едно од приведените лица. Тој бараше одговори за настанот во кој беше инволвиран, меѓу кои и за прегледот на неговиот автомобил во кој беше пронајдено оружје.

Од МВР велат дека внатрешна контрола го испитува секое дејствие преземено од полициските службеници на овој настан.

Наташа Гркова- Петрушевска