Македонија
На дневен ред утре 14 предмети кои Уставниот суд ги оформи по сопствена иницијатива
08.04.2024 18:01
Станува збор за предмети во коишто се оспорени одредби од повеќе општини, а се однесуваат на автентично толкување на општините за акти кои самите ги донесуваат.

Уставниот суд утре ќе ја одржи 12-тата седница со дневен ред на којшто се предвидени 14 иницијативи за оценување на законитост и уставност за предмети кои Судот ги отвори по сопствена иницијатива.
Станува збор за предмети во коишто се оспорени одредби од повеќе општини, а се однесуваат на автентично толкување на општините за акти кои самите ги донесуваат.
Дополнително, Судот ќе одлучува за пет предлози за предмети во коишто веќе е исцрпена дискусијата.
