Фудбал - СП Бразил 2014

Јапонија и Грција пред момент на вистината

19.06.2014 16:39

Стартните порази не им оставаат премногу можност за избор на Јапонија и на Грција. Само полн погодок во меѓусебниот судир им ги одржува шансите за осминафинале. Иако ќе им остави теорија, реми ќе им биде премалку, а кој ќе загуби, уште вечер ќе почне да се подготвува за враќање дома. Затоа, на арената „Дуњас“ во Натал ќе бидат исполнети сите услови за отворен натпревар на се или ништо.

Напаѓачкиот фудбал е помал проблем за Јапонците. Под водство на Алберто Ѕакерони последниве години стекнаа многу нови почитувачи токму поради офанзивниот пристап на гол повеќе. Но, по водството против Брегот слонова коска со голот на Хонда, отстапија од вообичаениот стил и на крајот останаа со празни раце. „Сините самураи“ се свесни дека само ако се потпрат на агресивноста и на нивниот напаѓачки инстинкт ќе можат да сметаат на успех против ранетата Грција, којашто против Колумбија не успеа да го направи единственото нешто по коешто години наназад е добро позната, да се брани. Неповолната гол-разлика уште повеќе им ги обременува мислите и им ја усложнува задачата на грчките играчи, на коишто секако ефикасноста им е послаба страна. Против Колумбија, избраниците на Фернандо Сантош не искористија неколку шанси за подостоен пораз, а примија три гола, што е половина од бројот на погодоците коишто селекцијата ги прими на 12-те квалификациски натпревари.

Слабостите од првите 90 мундијалски минути двајцата селектори ќе се обидат да ги покријат со корекции во составот. Митроглу се најавуваше како стартер во шпицот, иако Сантош веројатно ќе менува и во одбраната, а и Ѕакерони размислуваше да му даде шанса на ветеранот Ендо. Јапонците одново се очекува да се потпрат на европското трио Хонда-Кагава-Нагатомо. Ова ќе биде меч во којшто ниту едните, ниту другите ќе имаат право на уште еден кикс.