Воен конфликт
Војна со дронови на руско- украинската граница
08.04.2024 19:42
Москва бара осуда за нападот со дрон врз нуклеарната централа Запорожје.

Војната со беспилотни летала продолжи на руско-украинската граница. Москва бара осуда за нападот со дрон врз нуклеарната централа Запорожје.
Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека нуклеарната безбедност не е загрозена. Зеленски бара системи за противвоздушна одбрана.
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг рече дека одбраната на Украина мора да се изгради за да се одврати идната агресија, но Киев ќе мора да направи одредени отстапки.
