ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Поддршка за органското производство

09.04.2024 07:58

Органските производители годинава имаат на располагање средства во висина од 104 милиони денари. Поголемиот дел се наменети за финансиска поддршка за органското сточарско производство како и за одредени активности во производството и во тргувањето со органската храна …

На 104 милиони денари како поддршка годинава имаат право органските производители на храна.

Најголемиот дел се наменети за органското сточарство и за заостанати обврски од претходните програми поради специфичноста на производството.

На фармерите им следуваат пари за органските производи, за нивна преработка, доработка и пакување најмногу до 150.000 денари по корисник.

Со 5 отсто или до 150.000 денари се поддржува и трговија, извозот на свежи и преработени органски производи и преодот од неорганско во органско производство.

За површини наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред се добиваат по 3.500 денари за хектар.

Трошоците за стручната контрола и сертификацијата се покриваат со 50, а со 80 проценти, но не повеќе од 12.000 денари следуваат за анализи на својствата на почвата, откривање на остатоци од пестициди, тешки метали и други штетни материи.

Финансиската поддршка можат да ја добијат сите земјоделски стопанства кои имаат сертификат за органско производство.

 

Методија Трајков