Продолжува кампањата за претседателските избори
Кандидатите преку митинзи, дебати и средби со граѓани и денеска ќе ги презентираат нивните програми...

Продолжува кампањата за претседателските избори. Кандидатите преку митинзи, дебати и средби со граѓани и денеска ќе ги презентираат нивните програми. Кандидатот поддржан од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски кој ќе ја бара поддршката за втор мандат денеска е во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево. Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ќе биде во Теарце, Брвеница, Ѓорче Петров и во Куманово.
Претседателскиот кандидат поддржан од Европскиот фронт, Бујар Османи ќе одржи панел-дискусија во Скопје и средби со граѓани во Старата скопска чаршија. Кандидатот за претседател Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ ќе има средби и активности во Скопје.
Кандидатот за претседател на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски ќе биде во Јегуновце, Теарце, Брвеница и во Тетово. Билјана Ванковска, кандидатот за претседател од Левица ја продолжува претседателската кампања во Гази Баба и во Неготино.
Претседателскиот кандидат на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски ќе се сретне со граѓаните во Неготино, Кавадарци и во Прилеп.
