Арнаудова: Позитивната оценка на ГРЕКО успех за Македонија

19.06.2014 16:47

ГРЕКО смета дека Република Македонија направила прогрес во сите сегменти на партиското финансирање, како транспарентноста, супевизијата на финансиските сметки и санкционирањето на повредите на правилата на партиското финансирање, со што заклучи дека процесот на мониторинг кон Македонија ќе престане.

Македонија нема повеќе формални обврски за исполнување кон Групата на земјите за борба против корупцијата (ГРЕКО). Сега преостанува доследно да се спроведуваат постојните законски прописи, вели за МРТ Анета Арнаудова, директор на академијата за судии на Македонија која учествуваше на пленарната сесија на ГРЕКО во Стразбур.

Ова е заклучокот од третиот круг на евалуацијата што ја спроведе ГРЕКО и кој се однесуваше на кривичните законодавства и развиеноста на механизмите за превенција на корупцијата во делот на партиското финансирање.

ГРЕКО застана на стојалиште дека Република Македонија направила прогрес во сите сегменти на партиското финансирање, како транспарентноста, супевизијата на финансиските сметки и санкционирањето на повредите на правилата на партиското финансирање, со што заклучи дека процесот на мониторинг кон Македонија ќе престане. Тоа значи дека немаме повеќе никакви формални обврски за исполнување кон ГРЕКО со формални рокови. Ова претставува исклучително голем успех на Македонија на домашен и меѓународен план, бидејќи покрај Македонија уште десет држави од вкупно 49 оценети во овој круг добија ваков заклучок. А од друга страна имаме ситуација во која други десет земји воглавно членки на ЕУ добија негативен заклучок“, вели Анета Арнаудова, Директор на Академијата за судии и јавни обвинители на РМ.

Но, како и во сите извештаи ГРЕКО дава свои препораки за да се напредне во спроведувањето на овие прописи.

Ова е со цел да се подобри финансиската дисциплина на политичките партии, како за време на редовното работење, така и за време на изборните кампањи. Со цел да се првенира корупцијата во оваа многу деликатна област“, завршува Анета Арнаудовска.

Овој Извештај беше претставен и усвоен оваа недела од Комитетот на министрите на Советот на Европа во Стразбур.

 

Тони Гламчевски