мвр

135 сообраќајни прекршоци во Скопје

09.04.2024 08:16

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 23 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.