Вашингтон

Трилатерален состанок на САД, Јапонија и Филипини

09.04.2024 08:25

Американскиот претседател Џо Бајден ќе биде домаќин на првиот самит кој треба да го надгради нивниот одбранбен сојуз и да ја зајакне Алијансата додека влијанието на Кина расте во Индо-пацификот...

Јапонскиот премиер Фумио Кишида пристигна во САД во пресрет на трилатералниот состанок на американските, јапонските и филипинските лидери во Вашингтон, кој треба да се одржи в четврток. Американскиот претседател Џо Бајден ќе биде домаќин на првиот самит кој треба да го надгради нивниот одбранбен сојуз и да ја зајакне Алијансата додека влијанието на Кина расте во Индо-пацификот.

Пред пристигнувањето, јапонскиот премиер зборуваше за зајакнување на јапонската воена соработка и развојот на оружје со САД и другите пацифички сојузници.