Свет

Затемнувањето на Сонцето приреди незаборавен спектакл

09.04.2024 08:33

Неколкуминутниот пладневен мрак ги направи ѕвездите и планетите на небото видливи. Природниот феномен го следеа милиони гледачи во САД, Мексико и Канада...

Целосното затемнување на сонцето низ Северна Америка приреди незаборавен спектакл. Неколкуминутниот пладневен мрак ги направи ѕвездите и планетите на небото видливи. Природниот феномен го следеа милиони гледачи во САД, Мексико и Канада.

Целосните затемнувања на Сонцето се многу ретки. Наредното затемнување од брег до брег се очекува во 2045 година.