ЦУК
Пожари во дебарско, општината побара помош од ЦУК
09.04.2024 08:36
Општина Дебар синоќа упати барање до ЦУК итно да помогне во гаснење, од воздух, на пожари што беснеат во близина на селата Татар Елевци и Бомово.

Општина Дебар синоќа упати барање до ЦУК итно да помогне во гаснење, од воздух, на пожари што беснеат во близина на селата Татар Елевци и Бомово. При тоа се наведува дека ангажирани се 14 пожарникари, колку што брои дебарската Територијална противпожарна единица, од нив осуммина во гаснење на пожарот во Татар Елевци, а четворица во Бомово.
Во гаснењето е вклучена и шумската полиција, но поради непристапниот терен гаснењето е тешко. Се повторува апелот итно да се интервенира од воздух и во двата пожара, кои се долж границата со соседна Албанија.
