Ирак ја врати контролата над најголемата рафинерија

19.06.2014 16:54

Портпаролот на премиерот Нури ал-Малики и задолжен за безбедност, генерал-потполковник Касем Амет, во телевизиското обраќање рекол „Рафинеријата е под потполна контрола на безбедносните сили“, пренесува Танјуг...

Ирачките владини сили целосно ја вратиле контролата над најголемата ирачка нафтена рафинерија на северот на земјата, по обидот да ја завземат сунитските екстремисти- соопштија високи државни функционери.
 
Портпаролот на премиерот Нури ал-Малики и задолжен за безбедност, генерал-потполковник Касем Амет, во телевизиското обраќање рекол „Рафинеријата е под потполна контрола на безбедносните сили“, пренесува Танјуг. Вработените во рафинеријата ја потврдиле веста откако претходно информирале дека екстремистите ја завземале рафинеријата ставајќи црно знаме.
 
Рафинеријата беше нападната вчера во утринските часови и под опсада на сунитските екстремисти,откако претходно тргнале во офанзива на неколку северно ирачки градови. Во рафинеријата имало 15 800 работници и 100 странски експерти од кои повеќето ја напуштиле рафинеријата.
 
Соња Стојановска