АМСМ

Времен режим на сообраќај од надвозник „Маџари“ до клучка Белви на автопатот во Скопје и на патот Прилеп – Битола

09.04.2024 08:58

Се препорачува адаптирана брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Се препорачува адаптирана брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април 2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Времена измена на режим на сообраќај има на регионалниот пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради интензивирање на градежни активности во врска со проект „Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп – Битола“, и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата.

На 26.03.2024 година од 14.15 часот воведена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот 300 м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје-Куманово (десна коловозна лента) каде што со вертикална сообраќајна сигнализација во должина од 200 м сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента за да потоа во должина од 1500 м целиот сообраќај ќе се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај.