Бугарија
Бугарија ја доби десеттата преодна влада, новите избори закажани за 9-ти јуни
09.04.2024 10:01
Ова е 10-та преодна влада во историјата на државата, а шеста во последните четири години...

Бугарија денеска доби преодна влада на чело со премиерот Димитар Главчев, а на 9-ти јуни се закажани вонредни парламентарни избори.
Ова е 10-та преодна влада во историјата на државата, а шеста во последните четири години.
Претходно денеска бугарскиот претседател Румен Радев издаде указ за официјално именување на кабинет и закажување единствени избори за 9-ти јуни и за европскиот и за националниот парламент.
