Избори 2024

Пендаровски: Членството во ЕУ е единствената алтернатива за напредок на државата

09.04.2024 11:42

Членството во Европската унија е единствената алтернатива за напредок на државата, порача претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски од Аеродром. Повика на сплотеност за реализирање на стратешките цели, а едната од нив, како што рече е членство во развиениот свет, бидејќи сè друго е враќање назад кон балканското минато, обременето со конфликти и омраза...

Членството во Европската унија е единствената алтернатива за напредок на државата. Потребна ни е сплотеност, без делби, за да се реализираат стратешките цели на државата. Оваа политичка гарнитура има план и визија како да ја внесе државата во Европската унија до 2030 година-порача на митингот во Аеродром претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски.

Но врвни реформи во нашата држава и врвен развој може да се постигне единствено влезот во ЕУ, која е гаранција за европски животен стандард, рече пред присутните лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

За преговорите со унијата Пендаровски ги посочи противењата на Бугарија која водејќи се од 19-вековната анахрона, антимакедонска и антиевропска политика, не блокираше, но ја посочи и најголемата опозициска партија во земјава.

 

Миле Ристески