МВР

Претрес во Тетово, приведен крадец

09.04.2024 11:13

Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Е.(53) од Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена поголема количина на пари ...

Синоќа во 21.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Е.(53) од Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена поголема количина на пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од „тешка кражба“ извршена на 02.01.2024 во домот на А.С.(31) од Тетово.

Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.