Скопје
Ставен под контрола пожарот во Универзална сала
09.04.2024 11:24
Утрово густ чад од центарот на главниот град ги вознемири скопјани. До темел изгоре Универзалната сала во Скопје, која беше симбол на градот...

Утрово густ чад од центарот на главниот град ги вознемири скопјани. До темел изгоре Универзалната сала во Скопје, која беше симбол на градот. Во пожарот се повредени две лица, кои вдишале чад. Салата беше во фаза на реконструкција а пред само две седмици беше поставена новата купола.
Реконструкцијата ја започна поранешниот градоначалник Петре Шилегов, но сегашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска не ја продолжи. Во февруари годинава, реконструкцијата на салата од Градот Скопје ја презема Министерството за култура.
