Избори 2024

Силјановска – Давкова на битолчани им вети враќање на претседателската канцеларија

09.04.2024 11:41

Може ли некој да го сметате за изолиран, кога рамноправно на бината зборува за европската иднина и демократија на Македонија, праша во обраќањето на митингот во Битола, кандидатката Гордана Силјановска - Давкова. Лидерот на опозицијата, Мицкоски, ги повика граѓаните да изберат помеѓу концептот на нивната коалицијата и концептот „како до сега“…

Деновиве сè почесто ги слушам како ја шират тезата дека ако јас бидам избрана за претседателка, а Мицковски за премиер, оваа држава ќе биде изолирана. Но, тие што тврдат дека се внатре во Европската унија, а ние изолирани, јавно ги повикувам да покажат кој ги поддржува на овие избори, рече кандидатката за претседател Гордана Силјановска – Давкова.

Со оваа власт, за жал, имаме се помалку причини за радост. Затоа во периодот што следи, ваше е да одлучите дали ќе го изберете концептот на нашата коалиција или на оние што го нудат концептот „како до сега“, нагласи лидерот на коалицијата „Твоја Македонија“.

Кандидатката Силјановска – Давкова на битолчани им вети враќање во градот на некогашната претседателска канцеларија, како и отворање на други низ градовите од внатрешноста.

 

Стевче Митревски