Кандидатот на Левица, Ванковска се претстави во општините од југоистокот
Ќе се залагам за економска а не за воената дипломатија преку НАТО и ЕУ на кои воените прашања им се приоритет. Вака порача кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска која беше меѓу жителите на Дојран, Богданци и Гевгелија. За неа, како што рече приоритет ќе биде привлекување инвестиции и враќање на достоинството на граѓаните ...

Време е да тргнеме по нова патека што ја нуди Левица, оти 30 години тапкаме во место. Вака истакна претседателскиот кандидат на Левица – Билјана Ванковска од Богданци која акцент ќе даде на економската наспроти воената дипломатија бидејќи ЕУ и НАТО повеќе се насочени кон воени прашања.
Земјоделството е една од најважните гранки за жителите од југоистокот, затоа нема да дозволиме отворање на рудници и уништување на земјоделските обработливи површини, потенцираше Ванковска.
Претседателскиот кандидат на Левица, професорката Билјана Ванковска своето предизборно претставување во Југоистокот го заврши во Гевгелија.
Ване Трајковски
