ЈСП

Утре јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред

09.04.2024 11:52

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров...

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека на верскиот празник Рамазан Бајрам, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Жичницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу, се наведува во соопштението.