Украина

Зеленски: Харков е следна цел на Русите

09.04.2024 12:21

Москва тврди дека Киев повторно се обидел со дрон да ја нападне нуклеарната централа Запорожје, но бил соборен над покривот на реакторот...

Руските напади продолжуваат со несмален интензитет. Москва тврди дека Киев повторно се обидел со дрон да ја нападне нуклеарната централа Запорожје, но бил соборен над покривот на реакторот.

Украинската војска ја засилува заштитата на Харков, вториот по големина град во земјата за кој се верува дека ќе биде следна цел на руската офанзива-тврди Зеленски.

Претходно го повика американскиот конгрес да го одобри пакетот помош за Украина кој е од огромно значење за победата против Путин.