ФЗОМ

Системски проблем на ФЗОМ, матичните не можат да запишуваат нови пациенти

09.04.2024 13:02

Пад на системот на ФЗОМ беше причина од четвртокот, лекарите да не можат да запишуваат нови пациенти, како и да ги упатуваат на преглед и да им препишуваат терапија. Проблемот не е отстранет најдено е привремено решение. Од Здружението на матични лекари реагираат – доста е од привремени решенија, мора да се согледаат проблемите со кои се соочуваат матичните. Наместо да ловат термини, да посветат поголемо внимание на превенција, дијабетес и хипертензија ...

Матичните лекари деновиве имале мака – не можеле да пријавуваат нови пациенти, да закажуваат термини или да издаваат рецепти поради проблеми со системот на Фондот за здравство.

Од ФЗОМ појаснуваат дека се работело на продолжување на важноста на безбедносните сертификати и оти испратиле известување како да се постапува додека се заврши процесот. Доктор Ѓорѓиевски ја следел патеката и успеал да пријави неколку пациенти.

Доктор Ѓорѓиевски вели проблемите продолжуваат да се таложат. Капитацискиот бод е рак-рана, посебно на оние лекари во руралните средини, каде што жителите се отселени, а предизвици има и со функционалноста на „Мој термин“.

Лекарите бараат, креаторите на политики, и сегашните и идните, да седнат со нив на маса за да разговараат за решавање на проблемите во здравствениот систем.

 

Наташа Јанчиќ Менковски