пожари

Изгоре Универзална сала

09.04.2024 13:25

До темел изгоре Универзална сала во Скопје, која беше симбол на градот. Во пожарот се повредени две лица, кои вдишале чад...

Изутрина густ чад од центарот на главниот град ги вознемири скопјани. До темел изгоре Универзална сала во Скопје, која беше симбол на градот. Во пожарот се повредени две лица, кои вдишале чад. Салата беше во фаза на реконструкција, а пред само две седмици беше поставена новата купола.

Реконструкцијата ја почна поранешниот градоначалник Петре Шилегов, но сегашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска не ја продолжи. Во февруари годинава, реконструкцијата на салата од градот Скопје ја презема Министерството за култура.

Известува Борис Грујоски