Брисел
Европските комисии го потпишаа Кодексот на однесување за Евроизборите
09.04.2024 14:26
Девет европски политички партии во присуство на потпретседателката на Еврокомисијата за вредности и транспарентност го потпишаа Кодексот на однесување на изборите за членови на Европскиот парламент ...

Девет европски политички партии во присуство на потпретседателката на Еврокомисијата за вредности и транспарентност го потпишаа Кодексот на однесување на изборите за членови на Европскиот парламент закажани за јуни годинава.
Европските политички партии се обврзаа за почитување на етичките и правните практики на изборната кампања. Повеќето од заложби во Кодексот се инспирирани од препораката за инклузивни и одржливи изборни процеси во Унијата, која беше усвоена лани во декември.
