Универзална сала - симболот на Скопје, проголтана во огнена стихија
Универзална сала - симболот на Скопје проголтана во огнена стихија. Двајца хоспитализирани поради вдишување чад, нема жртви. Изведувачот се сомнева на старата инсталација, Арсовска го впери прстот во лошиот проект...

Вторник, 09 април – 09 часот и 50 минути. Пожарникарите добиваат повик за голем пожар во центарот на Скопје. Гори Универзална сала. Во првите пет минути пристигнаа четири пожарникарски возила. Во следните 10 пристигнаа нови.
Неколку часа им требаше на пожарникарите да ги стават под контрола пламените јазици кои излегуваа од сите страни на објектот.
Жителите кои живеат во близина сведочат дека имало многу чад.
Интервениравме со 24 пожарникари, рече командантот на скопската Бригада за противпожарна заштита.
Приведени тројца работници
ЕВН го прекина снабдувањето со струја на потегот поради интервенцијата на пожарникарите, а две жени останале заглавени во лифт, велат од МВР. Тројца градежни работници кои биле во објектот кога избувнал пожарот се приведени.
Предизвикана е голема материјална штета. За среќа, нема жртви или повредени, иако двајца се пренесени во болница поради вдишување чад.
Пожарот се случил во стариот дел и гореле стари материјали, иверки – новиот дел не е зафатен, рече изведувачот што го реконструира објектот.
Сè утврдуваат причините за пожарот.
Борис Грујоски
