Османи: Овие избори се битка помеѓу два концепта
Нашата земја во моментот се наоѓа на крстопат и изборите не се само обични избори, туку битка помеѓу два концепта, изјави кандидатот на „Европски фронт“ за шеф на државата, Бујар Османи...

Овие избори се битка помеѓу два концепта, две визии за иднината на државата, рече Бујар Османи, кандидатот за претседател од „Европскиот фронт“. Тоа, како што рече Османи, се концептот на изолација наспроти концептот на интеграција, концептот на етничка дисхармонија наспроти меѓуетничкиот соживот, концептот на враќањето назад и конфликтноста наспроти концептот на напредок и благосостојба.
Според Османи, тезата за граѓански устав, или устав каде основна единица е индивидуата, а не колективот, е најголемата опасност што може да ѝ се случи на државата.
Османи рече дека доколку ја добие довербата, ќе создаде општество и држава во којашто ниту еден граѓанин нема да биде исклучен од политиките.
Ана Јосифовска-Тодоровска
