Јакимовски на средби со граѓаните во тиквешијата
Штетите од загубените пазари поради војната во Украина треба да се надоместат на лозарите и овоштарите, а тие таква помош ќе добијат од мене како претседател на државата, порача Јакимовски од средбата со граѓаните во тиквешијата...

Претседателскиот кандидат на ГРОМ и коалицијата, Стевчо Јакимовски беше во посета на тиквешијата, Неготино и Кавадарци. Таму тој ја образложи неговата програма за помош на лозарите од овој регион, како да им се помогне за пласман на родот и на виното на странските пазари.
Тоа значи отворање на нови пазари по губењето на руските и белоруските. Јакимовски реагираше дека ниту владата, ниту претседателот како врховен командат не успеале да им помогнат на земјоделците, заедно со воената помош на Украина, да се пласира и дел од македонскиот род на тамошниот пазар.
Јакимовски во отворањето на странските пазари ја гледа иднината на конзервната индустрија во Македонија. Македонските земјоделци не добија никакви компензации за затворените странски пазари, а таа помош е неопходна од претседателот на државата, која тој им ја вети на лозарите и овоштарите од регионот.
Петар Печков
