Македонски железици на денот на јубилејот тоне во долгови
Македонски железици се до гуша со проблеми. Сепак, ниту директорот, ниту претставниците на синдикатите не одговорија на новинарските прашања, бидејќи бил свечен ден...

На денот на големиот јубилеј, Железници се до гуша со проблеми. Сепак, ниту директорот, ниту претставниците на синдикатите не одговорија на новинарските прашања, бидејќи бил свечен ден.
Поврзувањето со Бугарија се планира со зачленувањето во ЕУ, до 2030-та година. Европската комисија во извештајот нотираше дека тоа треба да се случи час поскоро бидејќи железничкиот сообраќај, како најевтин, влијае и на економијата.
Македонски железници според извештајот на Министерството за финансии спаѓа во најголемите должници. Минатата година Македонски железници – Транспорт ја заокружиле со долг од 65 милиони евра и Македонски железници - Инфраструктура со 41 милион евра.
Александра Велинова
