Избори 2024

Димитриевски се претстави во тетовско

09.04.2024 17:06

„На земјава ѝ треба претседател кој ќе ги штити интересите на граѓаните, ќе дадам максимум за наша Македонија“, ветува кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски. Тој денеска ја претстави програмата во полошкиот крај.

Од предизборниот митинг во западна Македонија, кандидатот за пратседател на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, наброја дел од петте начела за кои тој ветува дека ќе се залага, доколку биде избран за претседател.

Димитриевски ветува дека како претседател, никогаш нема да потпише закон или акт којшто е спротивен на волјата на граѓаните и истиот секогаш ќе добива вето и ќе биде враќан на повторно разгледување.

Димитриевски смета дека Македонија мора да продолжи да се развива како средена држава без корупција и криминал, доколку сака да стане дел од Европската унија. Вели – проблемите се исти низ цела Македонија, а во мојата програма има голем број на решенија, кои нема да останат само на хартија.

Димитриевски смета дека граѓаните бараат нова алтернатива.

Марија Котовска