Битиќи: Со либерализацијата на железницата отворивме ново поглавје
Според него либерализацијата ќе значи и повеќе пари за модернизација на пругите, за проширување на железничката мрежа, односно зголемување на ефикасноста и ефективноста на железничкиот сообраќај во земјава.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на настан по повод одбележување на 151 годишнината од формирањето на македонски железници.
„Годинава е една од најважните во историјата на железниците во Северна Македонија, се случи либерализација на железничкиот сообраќај. Отворивме ново поглавје во железницата, создадовме нови можности за подобар квалитет на услугите кои се испорачуваат, за поголеми приходи, а со тоа и за поголеми плати на вработените“, нагласи Битиќи.
Според него либерализацијата ќе значи и повеќе пари за модернизација на пругите, за проширување на железничката мрежа, односно зголемување на ефикасноста и ефективноста на железничкиот сообраќај во земјава.
Имаме потенцијал којшто треба уште да го искористиме, имаме придобивки кои ни се на дофат не само за железницата, туку и за целокупната економија- нагласи Битиќи.
