Воен конфликт
Продолжуваат нападите со дронови меѓу Русија и Украина
09.04.2024 19:27
Киев ја презеде одговорноста за нападот со дронови врз југозападниот дел на Русија. Украинската војска ја засилува заштитата на Харков, за кој се верува дека ќе биде следна цел на руската офанзива.

Руски ракетен брод, закотвен во Калининград на Балтичко Море, бил запален, тврди украинското разузнавање. Погоден бил и погон на фабрика за авиони во руската област Воронеж.
Киев ја презеде одговорноста за нападот со дронови врз југозападниот дел на Русија. Украинската војска ја засилува заштитата на Харков, за кој се верува дека ќе биде следна цел на руската офанзива.
Зеленски го повика американскиот конгрес да го одобри пакетот помош, што е од огромно значење за земјата да може да се одбрани од руската инвазија.
