УХМР

Сончево и топло со мала облачност

10.04.2024 08:22

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени Целзиусови, информираат од УХМР.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени Целзиусови, информираат од УХМР.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

Од утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.