Скопје

Се утврдуваат причините за пожарот во Универзална сала

10.04.2024 08:50

Пламените јазици брзо го зафатија објектот, но пожарникарите со брзата интервенција успеаја огнот да го стават под контрола.

Се утврдуваат причините за големиот пожар кој ја проголта Универзална сала во Скопје. Нема повредени. Двајца завршија во болница поради вдишување чад.

Пламените јазици брзо го зафатија објектот, но пожарникарите со брзата интервенција успеаја огнот да го стават под контрола.

Тројца работници беа приведени на распит. Изведувачот се сомнева на старата инсталација. Од Град Скопје велат дека проектот бил лош.