САД немаат информации за големата офанзива на Рафах
Коментарите од Вашингтон следат еден ден откако израелскиот премиер Нетанјаху изјави дека е одреден датум за инвазија во Рафах...

Израел не ги информирале САД за никаков конкретен датум за почеток на голема офанзива на Рафах, во јужниот дел на Газа. Американските и израелските власти остануваат во контакт, а секоја воена операција мора да обезбеди заштита на цивилите. Коментарите од Вашингтон следат еден ден откако израелскиот премиер Нетанјаху изјави дека е одреден датум за инвазија во Рафах.
„Имаме отворени канали за комуникација со Израелците. Тие ја разбираат нашата позиција. Бевме многу јасни за нашата длабока и постојана загриженост во врска со операцијата во Рафах. Нашето верување е дека има подобри начини за справување со стратешката закана што ја претставува Хамас. Сега ќе треба да почекаме и да видиме што ќе се случи, а САД соодветно ќе одговорат“, изјави Џејк Саливан, советник за национална безбедност.
За време на сослушувањето на Комитетот за вооружени служби на Сенатот на САД, секретарот за одбрана одново ја истакна поддршката за Тел Авив.
