Борел: Да се зголемат капацитетите за противвоздушна одбрана на Украина
Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел ги повика земјите-членки да ги зголемат капацитетите за противвоздушна одбрана на Украина...

Украинскиот претседател Зеленски тврди дека Киев развива план за контраофанзива. Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел ги повика земјите-членки да ги зголемат капацитетите за противвоздушна одбрана на Украина.
„Зборуваме за реконструкција на Украина. Треба да зборуваме повеќе за избегнување на уништувањето. Разговарав со Кулеба пред неколку дена, а тој очајнички бара седум системи Патриот за да се заштити и незамисливо е да не можеме да ги обезбедиме“, изјави Борел.
Претходно, американската Централна команда објави дека префрлиле илјадници парчиња оружје и муниција запленети од Иран во Украина. Пратката била наменета за Јемен, но по пат била пресретната.
Русија побара седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за испораката на западно оружје.
