Јужна Кореја гласа за новиот парламентарен состав
Дводневниот период на предвремено гласање заврши изминатата сабота, со излезност од 31,28%, пред главното гласање денеска...

Јужна Кореја гласа за новиот парламентарен состав со 300 членови. Дводневниот период на предвремено гласање заврши изминатата сабота, со излезност од 31,28%, пред главното гласање денеска.
„Во моментов гледам длабока поделеност во јавното мислење. Сакам да видам од законодавците постигнување договор и да ја направат земјата постабилна и посилна.“
„Сакам да престанат да зборуваат за десничари или левичари. Сакам да имаат поздрави дијалози за доброто на земјата“-велат гласачите
На изборите се гледа како на референдум за конзервативниот претседател Јун Сук Јеол, кој ја презеде функцијата пред две години со петгодишен мандат.
