Пендаровски побара дуел со Мицкоски
Карванот на коалицијата За европска иднина беше во Делчево. Кандидатот за претседател Пендаровски побара дуел со Мицкоски и рече дека двојните избори се многу важни, затоа што граѓаните ќе одлучат дали државата ќе продолжи по европскиот пат или ќе оди назад во изолација...

Овие избори се многу важни, од нив ќе зависи дали Македонија ќе продложи по магистралата кон Европа и развиениот свет, или ќе се враќа назад во времето на режимот, порача претседателот Стево Пендаровски на митинг во Делчево, каде презентираше дел од резултатите на актуелната власт - членството во НАТО и отворањето на преговорите за влез во ЕУ.
Опозицијата се бори за гола власт, истакна Пендаровски и за таа цел во нивната програма стои поништување на Преспанскиот, Охридскиот и договорот со Бугарија, без притоа да понудат алтернативни решенија.
Според него за актуелната опозиција доволно говори фактот дека за упадот во Собранието на 27-ми април наместо да се извинат, бараат амнестија за сторителите.
Славица Величковска
