Празник

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

10.04.2024 12:19

Верниците од исламска вероисповед го празнуваат Рамазан Бајрам. Еид ал фитар почна на зајдисонце и го означи крајот на постот. По рамазанскиот пост, верниците го поминуваат празникот со семејството и со пријателите, со желби за добро здравје, среќа и бериќет…

Рамазан Бајрам муслиманите го слават по завршување на постите кои траеја цел месец, а во кои тие не јадеа и не пиеја ништо од изгрејсонце до зајдисонце. Празникот се означува со утринска молитва во џамија, а потоа муслиманските верниците одат да ги посетат гробовите на нивните блиски.

Рамазан Бајрам се слави три дена, верниците го поминуваат празникот со семејството и со пријателите.

Поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху порача да престанат сите оружени конфликти во светот, да владее мир насекаде, бидејќи како што вели, само во мир човештвото може да оди напред, за доброто на сите луѓе, без разлика на раса, пол, вероисповед или етничка припадност.

Рамазан Бајрам е ден кога моќта на богатите се сплотува со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина.

Александра Спировска