Аризона ја врати во сила речиси целосната забрана за абортус од 1864-та
Со оваа одлука, темата станува централна во една од сојузните држави на САД, клучна за изборите во ноември за тоа кој ќе биде следниот претседател, а кој ќе има мнозинство во Сенатот.

Највисокиот суд во американската сојузна држава Аризона пресуди дека е валиден Законот од 1864-та година кој целосно го забранува абортусот. Законот е исклучок ако животот на мајката е загрозен.
Со оваа одлука, темата станува централна во една од сојузните држави на САД, клучна за изборите во ноември за тоа кој ќе биде следниот претседател, а кој ќе има мнозинство во Сенатот.
Демократите веднаш ја осудија одлуката, обвинувајќи го поранешниот претседател Трамп за претходната одлука на Врховниот суд, која ги урна федералните права за абортус и им ги остави на поединечните држави сами да одлучуваат.
