Празник

Државниот врв и политичарите со честитки по повод Рамазан Бајрам

10.04.2024 13:35

Сите сплотени да споделуваме со нашите ближни, со нашите поблиски и подалечни соседи, визија за благосостојба, просперитет и развој на нашата заедничка татковина, истакна претседателот Пендаровски во честитката.

Честитки по повод Рамазан Бајрам стигнаа од државниот врв и од политичарите.

Сите сплотени да споделуваме со нашите ближни, со нашите поблиски и подалечни соседи, визија за благосостојба, просперитет и развој на нашата заедничка татковина, истакна претседателот Пендаровски во честитката.

Да правиме добри дела, да бидеме секогаш еден до друг и со подадена рака еден кон друг да напредуваме сите заедно, напиша во честитката техничкиот премиер Талат Џафери.

Честитка за Рамазан Бајрам упати и собранискиот спикер Јован Митрески – верувам дека, по еден месец пост, сите ваши желби ќе бидат слушнати, а меѓусебната почит, разбирањето, толеранцијата и хуманоста, кои треба да бидат одраз на секој човек, ќе помогнат тие да се исполнат.

Честитки до муслиманските верници по повод Рамазан Бајрам упатија и лидерите на политичките партии.