Избори 2024

Османи предлага пакет мерки за младите и образованието

10.04.2024 14:27

Осамни со став – децата кои годинава ќе се запишат на училиште, ќе се пензионираат по 60-тина години, а за десетина години од сега, 50 проценти од работните места се очекува да не постојат, а работниците да ги замени вештачката интелигенција...

Одлуките на младите да ја напуштаат државата имаат негативно влијание врз економскиот развој, вели претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи кој предлага пакет мерки за младите и образованието.

Осамни со став – децата кои годинава ќе се запишат на училиште, ќе се пензионираат по 60-тина години, а за десетина години од сега, 50 проценти од работните места се очекува да не постојат, а работниците да ги замени вештачката интелигенција. Затоа, вели Османи, најмладите треба да ги подготвуваме за тој нов пазар на труд, а не за актуелниов.

Османи сака да предложи и фиксни квоти за млади до 27 години на листата на пратеници. Смета дека секоја комисија којашто ќе се создава во рамките на министерствата или локалната самоуправа со цел создавање на политики, мора да има фиксни квоти за младите за да се земе предвид и нивната перспектива.

Марија Котовска