Таравари: Не влегуваме во влада која не планира да го продолжи европскиот пат
Таравари уште еднаш потенцира дека во коалицијата „ВРЕДИ“ има договор меѓу партнерите да не влегуваат во Влада којашто не планира да го продолжи европскиот пат. Не сака, вели да ни се повтори Букурешт 2008.

Кандидатот за претседател на „ВРЕДИ“, Арбен Таравари денот го почна со бајрамското празнување од Саат џамијата во Гостивар, каде се сретна со своите сограѓани.
Претходно во рамките на емисијата „360 Степени“ Таравари уште еднаш потенцира дека во коалицијата „ВРЕДИ“ има договор меѓу партнерите да не влегуваат во Влада којашто не планира да го продолжи европскиот пат. Не сака, вели да ни се повтори Букурешт 2008.
Како претседателски кандидат Таравари смета дека земјава треба да излезе од „Отворен Балкан“ бидејќи проектот е нецелосен во однос на Западен Балкан. И преку него на развојот на земјава ѝ пречи со сè уште силното влијание од Србија и југословенизацијата.
Фиљана Кока
