Иселувањето на младите е најголем проблем, смета Јакимовски
Според Јакимовски, младите наместо да учат за петки, треба да добиваат квалитетно образование. Јакимовски вели дека треба да се стави крај на превработеноста во администрацијата и на вработувањата по партиски клуч.

Најголем проблем е иселувањето на младите, стануваме земја на пензионери, вели кандидатот за претседател од ГРОМ, Стевчо Јакимовски. Во својата програма најавува низа проекти за младите. Посочи дека мора да почнеме од темелот, за да ги задржиме младите дома.
Според Јакимовски, младите наместо да учат за петки, треба да добиваат квалитетно образование. Јакимовски вели дека треба да се стави крај на превработеноста во администрацијата и на вработувањата по партиски клуч.
Јакимовски ќе се залага за, како што рече, да се развие приватниот сектор, кој би обезбедил поголеми плати за младите, а со тоа тие би останале да работат и да живеат во својата татковина.
Кандидатот за шеф на државата од ГРОМ со заложба дека ќе обезбеди вистински правен систем.
Викторија Милевска
