Димитриевски: Потребен е претседател кој ќе ги штити интересите на граѓаните
Караванот на Максим Димитриевски, кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, беше во посета на полошкиот регион. Димитриевски одржа средби со граѓани во Јегуновце, Теарце, Брвеница и во Тетово …

Јас од позиција на претседател никогаш нема да потпишам закон со којшто не се согласува мнозинството на граѓаните во оваа држава, за разлика од досегашните претседатели кои повеќе биле верни на партијата која ги номинирала, отколку на граѓаните кои ги избрале, рече претседателскиот кандидат од ЗНАМ, Максим Димитриевски.
Македонија бара претседател којшто ќе излезе од граѓаните и ќе биде претседател на граѓаните, истакна во Тетово Димитриевски.
Ние сме пред историски чин и пред историски момент за сите нас. Секогаш граѓаните се ставени пред избор да гласаат за помало зло од претходното. Сега, за прв пат во Македонија на претседателски избори имаме седум кандидати.
На средбите со граѓаните се обрати и носителот на листата со кандидати за пратеници од ЗНАМ, во шестата изборна единица, Небојша Захариески.
Зоран Димовски
