Инвестиции и наводнување во земјоделството
Министрите за земјоделство на повеќе од 70 земји во светот бараат начин како да се намали бројката, од скоро една милијарда хронично гладни луѓе. Одржливо земјоделство е едно од решенијата за поголемо производство...

Состојбата ќе се усложнува, констатираат министрите за земјоделство. Популацијата се зголемува, а ресурсите се ограничени. Проблемот е познат, технологија има, треба да се дејствува.
Во документот што го усвоија првите луѓе на ресорот земјоделство стои дека ова е клучен сектор за создавање така наречена зелена економија.
Употребата на почвата и водата мора да биде ефикасна. Богатите да ги помагаат и насочат што повеќе инвестициите во послабо развиените земји,а неопходно е и финансиска поддршка за малите фармери.
Македонија произведува доволно храна и не спаѓа во групата загрозени земји,но мора рационално да ги користи природните ресурси и да води сметка за последиците од климатските промени што веќе се чувствуваат.
Препораката на Светска банка е рационално користење на водата и оддржување на системите за наводнување.
Методија Трајков
