САД, Јапонија и Австралија почнуваат заеднички систем за противвоздушна одбрана
„За прв пат Јапонија, САД и Австралија ќе создадат мрежа од ракети за противвоздушна одбрана и одбранбена архитектура“, рече Бајден на заедничката прес-конференција со Кишида.
САД, Јапонија и Австралија почнуваат заеднички систем за противвоздушна одбрана- соопшти американскиот претседател Џо Бајден за време на средбата во Белата куќа со јапонскиот премиер Фумио Кишида.
„За прв пат Јапонија, САД и Австралија ќе создадат мрежа од ракети за противвоздушна одбрана и одбранбена архитектура“, рече Бајден на заедничката прес-конференција со Кишида.
Бајден и Кишида разговарале за различни прашања, вклучувајќи ги Кина, Северна Кореја и плановите за зајакнување на одбранбените сили на Јапонија.
„Ја истакнавме важноста на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и ја потврдивме нашата позиција за промовирање мирно решение за прашањата меѓу двете страни на теснецот“, рече Кишида.
Претседателот Бајден исто така рече дека Јапонец ќе биде првиот неамериканец кој ќе стапне на Месечината.
